Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДСМ и ДУИ

Пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ, Бране Петрушевки на денешната прес-конференција кажа дека извештајот на Државниот завод за ревизија покажал нерегуларности во финансиското работење на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ.

„Според ревизијата на ДЗР на Клиниката за 2022 година, по основ на неуплатена партиципација за лекување буџетот на истата е оштетен за 3.9 милиони денари. 3.9 милиони денари се пари кои требале да легнат на сметката на Клиниката за очни болести по основ на партиципација за лекување. По детален увид во документацијата на Клиниката од ДЗР се констатирало дека за 2.4 милиони денари со задоцнување се доставени потврди за ослободување од партиципација, но за истите не е доставена поткрепувачка документација. Раководството на СДС и ДУИ на Клиниката за очни болести работело надвор од законските процедури, оштетувајќи ја Клиниката. Ако знаеме дека за период од една година, за која е правена Ревизијата буџетот на Клиниката е оштетен за 3.9 милиони денари, тогаш што е направено за 7 години колку што СДС и ДУИ раководеле со истата?“ кажа пратеникот Петрушевски.

Пратеникот уште еднаш го повикува ЈО да го земе Извештајот од Ревизијата на ДЗР за Клиниката за очни болести и да отвори постапки.