Петровска: Средбата со амбасадорката Франкел потврда за одличната билатерална соработка

Денешната средба со амбасадорката на Израел акредитирана за Северна Македонија, Симона Франкел ја потврдува одличната билатерална соработка помеѓу двете земји, објави на Фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Двете земји имаат одлично искуство во соработката во одбраната повеќе од десет години кога заеднички го развивавме центарот за обука на пилоти, кој сега е дел од Армијата на Република Северна Македонија, напиша Петровска.

Министерката за одбрана најави дека продолжуваме да соработуваме на сите полиња кои се од заеднички интерес.

– Внесуваме нова енергија и динамика од која силен бенефит ќе имаат и Северна Македонија и Израел, напиша министерката Петровска на фејсбук.