Петре Шилегов со песна го прокоментира изборот на новото раководство на СДСМ

Поранешниот градоначалник и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов на неговиот Фејсбук профил често пати знае да ја критикува сопствената партија. Но вчерашниот негов пост предизвика внимание откако со песната на Игор Џамбазов и Нокаут „ Во бестрага“ го прокоментира новото раководство на неговата матична партија.

Понекогаш е доволна само песна да се опишат многу работи во случајов Петре Шилегов преку оваа песна на Игор и Нокаут опиша што тој мисли за изборот кој е направен во СДСМ.