Петре М. Андреевски: Денеска падната на колена, да ги молиш оние кои ги описмени, им ја отвори устата...

Пред десетици години еден од најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи, Петре М. Андреевски напишал стихови за Македонија. Денес, се чини дека овие стихови стануваат реалноста, а сонот за една Македонија ќе мора да добие ново име. Од денес ќе сонуваме за една поубава (наша) Северна Македонија.

Секоја ноќ те сонувам и си велам: Ееејгиди Македонијо, некогашна мори славна империјо, распослана на половина планета, од Пела па се до Персија, до Индија…
Денеска падната на колена, да ги молиш оние кои ги описмени, им ја отвори устата и ги научи да речат најпрвин Алфа и Омега… па Аз, Буки, Веди, па А и Б… Нив да ги молиш што ги научи дека рибата се јаде, дека дрвото се калеми и дека човекот се раѓа за да се љуби…
Нив да ги молиш сега, името распнато да ти го остават на 180 километри квадратни…
Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е…