Петок неработен ден за Бошњаците - следува споен викенд

Согласно Законот за празници на Република Македонија, 28 септември (петок), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството, на припадници на бошњачката заедница во Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

Програма на неработни денови за 2018 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик