Петок - 25 декември е неработен ден

Првиот ден на католички Божиќ- 25 декември 2015 година (петок) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честитаат празникот Божиќ.