Петочки во ЈСП

Додека стоиш на автобуска во петок, во глава ти се врти мислата „ајде побрзо да дојдеа автобус за да не касниш и 20–те пензионери кои чекаат заедно со мене да не се качат во истиот“.

Автобусот доаѓа и сфаќаш дека џабе си се молел и си имал позитивна мисла. Вратите се отвораат те мава миризба, влагаш и чекаш ред за да ја титнеш картицата на апаратчето, лево нема место, по скали наредени патници кои ни се качуваат ни се симнуваат, 10 минути подоцна конечно успеваш да се пробиеш.

Ако немаш музика во уши, тешко тебе. Ако не можеш да медитираш тогаш биди подготвен да слушаш за пензии, операции, болести и тоа како на пазар ги поскапела доматите и краставиците.

По четри поминати станици на кои автобусот само се полни, а никој не се симнува, полека почнуваш да губиш верба во човештвото. Стигнувате до една од клучните пензионерски дестинации, пола од автобусот се празни и конечно можеш да земеш воздух кој не мириса на кромид... Конечно на раат можеш да се рашириш, но еве ја станицата за работа.

Излегуваш, вдишуваш длабоко и се тапшаш по рамо за издржливоста. И за момент ти текнува дека доаѓа пеколни температури  и истава агонија се дуплира до септември.