Петмина возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи.

Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash
Според полицијата, тројца од приведените управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за 41-годишник од Сарај, 16-годишник од Танушевци и 29-годишник од Богородица.
Меѓу приведените е и 22-годишник од Грчец, кој управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.
Петтиот возач, 45-годишник од Дебреше, бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.
Сите петмина се сомничат за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.