Македонија е во зелена, безбедна зона што се однесува до ризикот од Ковид-19, но Комисијата за заразни болести ќе ја следи состојбата и ќе се подготвува за евентуалниот нов бран наесен.
Затоа, вели доктор Петличковски во гостување на ТВ Телма, во очекување на мирно пандемиско лето, се препорачува симнување на маските а ќе следат препораки и за доплнително олабавување на рестриктивните мерки.
Имунизацијата ќе продолжи, а вакцинацијата на децата ќе биде на доброволна основа, односно прашање на избор, вели тој.