Петицијата против пушење во затворен простор собра речиси 30 000 потписи

Електронската петицијата која беше отворена пред околу една недела - „Стоп за пушење во затворен простор“, досега ја потпишале над 28.750 граѓани. Со неа граѓаните побараа враќање на стариот закон против пушењето во затворен простор, реагирајќи на појавата на масовно пушење што сега се случува во речиси сите угостителски објекти.

- Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!, стои во петицијата.

Во 2018 година, Владата донесе измени на Законот за заштита од пушењето со кои се дозволи пушење и во целосно затворените тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти, а овие измени ги искористија голем дел од угоститеите кои ги протолкуваа овие измени во своја корист.