Петиција за регулирање на бучавата од џамиите околу факултетите

Преку онлајн-петиција упатена до Град Скопје се бара регулирање на бучавата која доаѓа од џамиите околу амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет и кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Секој ден иста приказна: во амфитеатрите на ПМФ е неподносливо гласно и мора да се затворат прозорците за да стане донекаде подносливо. Кампусот филозофски-филолошки-правен-економски го има истиот проблем. Без разлика на верската припадност и степенот на (не)религиозност на студентите, повиците за молитва преку звучници можат да се означат како вид на звучно загадување, коешто им штети и на студентите и на професорите“, стои во петицијата.

Според Еди Фрцовски, кој е автор на петицијата, верската слобода не треба да го нарушува образовниот процес.

„Понекогаш повеќе од една џамија ги вклучува звучниците во исто време, создавајќи бучна какофонија што целосно ја нарушува концентрацијата на еден човек. Професорите продолжуваат со предавање и покрај тоа, што ги отежнува обидите да се следат предавањата и да се разбере материјалот“, се реагира во петицијата.

Во неа, се предлага локалните џамии во близина на факултетите кои создаваат бучава да ги вклучуваат звучниците само во периодите од денот кога има паузи на факултетите.

Според Правилникот на Министерството за здравство, граничните вредности на нивото на бучава во животната средина не треба да изнесуваат повеќе од: