Петиција за именување на Драмски театар по Горан Стефановски

„Горан е еден и единствен!“, „Затоа што е наш најдобар современ драмски писател, голем визионер и уште поголем човек“, „Именувањето е и малку за тоа што г-дин Стефановски и остави на Македонија“, „Одлична идеа!“…

Ова се дел од причините напишани од граѓаните кои деновиве потпишуваат онлајн петиција за именување на Драмски театар по Горан Стефановски, за да се задржи споменот за познатиот македонски драмски писател.

До моментов, петицијата ја имаат потпишано околу 1.000 граѓани.

Инаку, Горан Стефановски почина во Лондон на 27 ноември на 66-годишна возраст. Онлајн петиција покренаа и студенти од  Универзитетот во Кент, кои бараат една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор.