Оваа иницијатива е поднесена од страна на Граѓанска иницијатива Кане Корзо.
Според оваа иницијатива се дава предлог извршната влас на Владата на Република Македонија да го разгледа проблемот и да овозможи субвенции за кастрација и стерилизација , односно да овозможи кучињата и мачињата да бидат бесплатно оперирани од страна на сите лиценцирани ветеринари на ниво на цела територија на Макеонија.
Овој предлог со себе носи свои должности и обврски како што се:
- Ветеринарот кој ќе ја преземе должноста на животното задолжително да го регистрира, да го фотографира пред и по операцијата, да направи спецификација и опис на животното, како и самата операција и да ја приложи во републичката база на податоци која треба да се изготви и свесно води од срана на владата преку своите институции.
- Во исто време треба да се изврши бесплатна вакцинација, чипирање и издавање на ветеринарна книшка.
- Базата на кастрирани и стерилизирани животни редовно да биде обновувана и онлајн достапна за секого.
- Лиценцираните ветеринари да добиваат финансиска компензација за својот труд и потрошен материјал на месечно ниво од Владата и нејзините институции.
Ова претставува крајната цел на сите нас како жители и хумани граѓани на Република Македонија, бидејќи сме свесни дека згрижувањето на животните во азили, стационери и транзитни центри немаат хуман услов и често се изложени на малтретирање, стрес, трауми и болести.
Петицијата можете да ја потпишете тука.
#ЗаБесплатнаСтерилизацијаКастрација
#ЗаСубвенциониранаСтерилизацијаКастрација