Петиција против законот за јазици

По денешното изгласување на законот за употреба на јазиците на социјалните мрежи се споделува петиција против овој закон, која до 20:30 часот ја имаа потпишано над 4.000 граѓани.

„Денес имаме флагрантно кршење на Уставот. Денес СДСМ и Заев ја поништија волјата на граѓаните. Од оваа одлука никој нема да живее подобро. Само затоа што две партии се договориле, изгласаа неуставен и штетен закон. Ваквиот чекор е удар врз соживотот, некој свесно нè турка во сценарио во кое влогот е Македонија.

Помогнете Уставниот суд да знае дека мнозинството Македонци и Албанци се против овој закон. Споделете и пратете по пријатели за да нè има во што поголем број кога оваа петиција ќе биде испратена до Уставниот суд“, се наведува во петицијата иницирана од „Соживот во Македонија“.