Петар Ренџов: Со каков памет ја избравте оваа музичка катастрофа да пее на плоштад?

ПОЛУДЕВ !!!!!! ПРОТЕСТИРАМ !!!!!!!! На ТВ24 вести прочав за нова година ДИНО МЕРЛИН ке ги забавува Скопјани!!! Градоначалнику Петре Шилегов ве молам да ни објасните со каква идеа , морал , памет , на кој начин ја одбравте оваа музичка катастрофа и ни ја натурате на плоштад за новогодишната вечер? Како да им објаснам на моите деца кој е, што пее, на кој јазик Дино Мерлин! Ова на својот фејсбук профил го напиша популарниот македонски музичар Петар Ренџов. Реакцијата доаѓа по најавата на скопскиот градоначлник Шилегов дека познатиот музичар Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани за најлудата ноќ,

Тој во својата објава прашува каква порака ни праќаат советниците од Град Скопје со веста дека Дино Мерли ќе пее во Скопје.

Ако не знаете, должни сте да прашате било која музичка или културна институција да ве упатат дека естетиката е погрешно направена по сите канони и музички стандарди, додава Ренџов.

Коментарите во неговата објава одат до таму дека песните на Мерлин се несоодветни за скопската публика, па дури и дека тој е промотор за вахабистичкото движење во регионот.