Пет знаци дека треба да го проверите железото во крвта

Железото е минерал кој природно може да се најде во различни видови храна.

Photo by Sander Sammy on Unsplash

Но, голем дел од луѓето се соочуваат со дефицит. Треба да знаеме дека недостатокот од железо може да предизвика анксиозност, депресија, проблеми со спиењето и тн.  

Кои се знаците кои можат да ни покажат дека имаме ниско ниво на железо

Се чувствувате слабо и уморно

Заморот е еден од најчестите симптоми на недостаток на железо. Тоа е така бидејќи нашето тело не може да создаде доволно хемоглобин, супстанца која го поттикнува движењето на кислородот низ црвените крвни зрнца. Помалку кислород значи и повеќе замор.

Имате бледа кожа

Ако вашата кожа е побледа од вообичаено, тоа е уште еден знак на недостаток на железо. Хемоглобинот им ја дава црвената боја на црвените крвни зрнца, па така пониско ниво на хемоглобин значи и кожата да изгледа помалку црвена.

Често задишување

Секако, честото задишување може да биде предизвикано од различни фактори, но ниското ниво на кислород поради недостаток на железо може да биде еден од нив. Тоа води кон забрзано дишење бидејќи телото се мачи да создаде повеќе кислород. Ќе забележите плитко, но забрзано дишење.

Главоболка и замаеност

Ако се чувствувате исклучено, замаено или како да имате недостаток на фокус, тогаш тоа може исто така да биде знак на недостаток на железо. Дополнително, ваквата состојба создава чести главоболки.

Студени раце и нозе

Дефицитот на железо предизвикува проблеми со циркулацијaта. Ако генерално се соочувате со ваков проблем, тогаш не треба да се грижите. Но, ако е ова нешто ново за вас, тогаш дефинитивно треба да направите крвна слика.