Пет животни лекции кои успешните жени ги имаат совладано

Опра, Бијонсе и другите бестрашни дами ги споделија своите лекции кои ги довеле до врвот! Време е и вие да ги научите! Секоја успешната жена морала да помине низ различни животни фази, иако денес се синоним за кариера и богатство, а зад сѐ што денес гледаме се кријат многу тешки и одлучувачки моменти. 

Сите овие жени имаат една заедничката работа, а тоа е дека на патот кон успехот научиле неколку животни лекции кои ви ги откриваме во продолжение.

Никогаш нема да бидете доволно подготвени

„Жените мораат да го отфрлат размислувањето дека не се подготвени да направат нешто и да размислуваат на начин да сакаат да направат нешто и да научат нешто во процесот.“ – Шерил Сандберг

Секогаш ќе налетувате на препреки и предизвици

„Предизвиците се подароци кои нѐ тераат да бараме ново средиште на гравитација. Не се борете со нив. Само пронајдете нов начин да стоите.“ – Опра Винфри

Нема сите да се сложуваат со вашата визија

„На луѓето им е тешко да почитуваат човек кој никогаш ништо не направил. Но, мене тоа ми даде ветер во грб за да се поместам напред.“ – Џесика Алба

Сосема е во ред и да доживееш неуспех

„Реалноста е дека понекогаш ќе доживеете неуспех. И никогаш не сте предобри за да изгубите. Никогаш не сте преголеми за да изгубите. Никогаш не сте препаметни за да изгубите. Тоа едноставно се случува.“ – Бијонсе

Не дозволувајте стравот да ве спречи

„Бестрашноста е како мускули. Од својот сопствен живот, знам дека што повеќе вежбам, така природно не дозволувам низ животот да ме водат некакви стравови.“ – Аријана Хафингтон