Дечињата во објектот „Лале, дел од градинката „Срничка“ во Аеродром добија убаво дизајнирани плакари приспособени кон нивната возраст, како и современи еколошки креветчиња што лесно се одржуваат.
„Инвестицијата во опремувањето на занималните овозможува децата да се развиваат во стимулативна и безбедна средина, што е од витално значење за нивниот социјален, емоционален и интелектуален развој.
Објектот „Лале“ неодамна по цели 40 години, доби комплетно реновирани јаслени занимални каде што се поставени антибактериски подови за поголема заштита и безбедност на здравјето на дечињата, а старата и дотраена надворешност беше заменета со нова енергетско-ефикасна фасада. Општина Аеродром продолжува со голема посветеност да се грижи за најмладите и да создава уште подобри услови за згрижување на дечињата кои се нашата иднина“, се вели во соопштението на општината.