Пет возбудливи места за пролетен секс

Пријатни температури, цврцорење на птиците, мирис на расцветани цвеќиња. Дојде пролетта, а со неа и желбата за авантури и забава. Зимата предолго нѐ држеше во затворен простор, па сега кога имате прилика, искористете го топлото време и свежиот воздух на најдобар начин... За да ве поттикнеме да поминувате повеќе време на отворено, ви ги предлагаме петте најдобри места за пролетен секс.

На балкон

Стамбените згради можеби немаат балкони со најсексипилен поглед, но кога ќе се најдете на деветиот кат, постои дополнително возбудување. Немате балкон? Отворете ги прозорите што е можно пошироко и навалете се на прозорската даска – сексот во кучешка поза ќе ви овозможи двајцата да изгледате и да се чувствувате како да сте надвор.

Во шатор

Ако сакате кампување, тогаш сигурно уживате и во ноќните авантури во шаторот. Само погрижете се да го наместите шаторот пред да почнете да добивате какви било идеи. Кампувањето може да биде и во дворот од вашата куќа. Запалете оган и направете си пријатна атмосфера под ѕвездите. Доколку имате масажер или некоја секси вибрирачка играчка, можете да си дозволите за предигра да се измасирате со партнерот, да се опуштите и да ги пронајдете скриените точки за уживање.

На подот

Постои нешто супер возбудливо во тоа да завршите на подот, како да не можете да дочекате да дојдете до креветот... тоа мора да биде СЕГА. Иако не е најзгодна положба(се препорачува барем перница), ситуацијата сега значително се менува со порастот на температурите. Лежењето на ладен под не е секси, но да се запали страста на убав и топол под? Неопходно е барем едното. Може да направите игра од ова и да си поставите за цел да ја крстите секоја соба.

На брод

Се чувствувате малку мрзеливо? Нека движењето на чамецот ја заврши работата место вас. Соблечете се, пронајдете секс поза што најмногу ќе ви одговара да не се превртите и внимавајте да не одлутате далеку со чамецот. Звучи многу забавно, а завршува со оргазам и навистина со уникатен спомен. Да бидеш сам на сред езеро звучи како совршено интимно место. Брод за крстерење исто може да послужи, но ако сакате уште поголем предизвик тогаш пробајте секс во кајак. Среќно морнари!

За време на планинарење

Во пролет пешачките патеки се полни. Можете да поминете покрај залутани туристи или искусни планинари, но до врвот се искачуваат само најупорните. Планинарењето како начин на вежбање дава чувство на среќа кое неминовно води кон секс, а расцветаните стебла и раззеленетите грмушки нудат совршена позадина за мала кратка планинска авантура. Патот до врвот не е лесен и сигурно ќе се испотите искачувајќи го, но дали тоа е причина која ќе ве одврати од сексот? Задолжително земете со вас доволно вода за да останете хидрирани и доволно лубрикант на водена база за да помине сѐ во најдобар ред.

Запамтете дека секот на јавно место е незаконски. Провертете ги законите во својот град пред какви било јавни авантури. Бидете дискретни и нема да западнете во проблеми.