Пет вистини за љубовта и сексот

Врските се како кариера. Некои од нас работат од 9 до 5, а други остануваат дома во пижами гледајќи телевизија. Мажите и жените не се потполно поинакви. Освен, можеби, кога е во прашање порнографијата.

Ариан Коен научила по нешто за сексот и врските читајќи ги дневниците на дури 2000 лица. Имено, авторката на веб проектот и новата книга ‘The sex diaries project’ замолила непознати луѓе седум дена да пишуваат свој дневник за сексот. 

'Живееме во свет во кој постои идеја да можете да бидете или во долгорочна врска или да превземате чекори за да стигнете таму. Но, ако ги прочитате дневниците, ќе сфатите дека всушност тоа не е она што многу луѓе го прават.’, изјацила Ариан. Еве ги 5-те работи кои Ариан Коен ги начула за сексот и врските:

Нема правила

Постои цела низа на можни односи во кои луѓето живеат. Некои се среќни во моногамни бракови. Некои веќе промениле три. Некои менуваат партнер на секоја година две. Некои ги менуваат партнерите со вибратори и не се поврзуваат. Некои имаат константен партнер и уште многу попатни партнери. Значи навистина вреди правилото: секој може да прави што сака.

Слободните стрелци имаат резервен план
Слободните стрелци често играат на терен од 6 до 24 месеци во врска. А, оние најсреќните во меѓувреме ги исполнуваат своите сексуални/емоционални/дневни потреби со обично блиските пријатели и колеги. Слободните стрелци никогаш нема да се согласат на врска со личност која е подготвена да биде со првиот кандидат кој ќе се појави во хоризонтот или со оние лица на кои очајно им треба рамо за плачење.

Паровите се како мали претпријатија

Некои компании произведуваат мобилни, други обезбедуваат служби за корисници. Многу подобро ќе ви биде кога сите во врската ќе знаете каков вид на претпријатие сте. 

Мажите и жените се слични

Заборавете ги оние приказни дека мажите се од Марс, а жените од Венера. “Читав анонимни дневници во кои не беше назначен полот на авторот. Често ќе го прочитав дневникот претпоставувајќи дека се работи за другиот пол.”, вели Коен.  Мажите и жените не се разликуваат по тоа како ги доживуваат емоциите и како пишуваат за тоа. 

Нема корист од СМС

СМС пораките се забавни и практични, но не се добри за вашата врска. Авторката прочитала 2000 дневници и тврди дека во нив не нашла ниеден позитивен емоцинален контекст во конверзацијата која се водела преку СМС пораки. Тоа е затоа што пораките пренесуваат информација, а не емоција.