Пет тони смет собрани во акција на Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило”

Во изминатите седум работни дена​ се одвиваше акција за чистење на општина Кисела Вода.

Четири екипи од по 12 сезонски работници работеа во урбаните заедници Цветан Димов и Бирарија, каде што се чистеше на потегот од зградите на улицата Антон Попов од бр. 16 до број 24, како и целото блоковско зеленило на улицата Вера Јоциќ.

Акцијата продолжува во урбаната заедница Населба Драчево. Досега се собрани околу 5 тони отпад. Доколку дозволат временските услови, од 9 до 11 јануари, за расчистување на сметот во овој дел од градот Општина Кисела Вода ќе ангажира 30 сезонски работници.

„Aктивностите на Општина Кисела Вода за расчистување на теренот ќе продолжат и во годината што е пред нас, но повторно сакаме да апелираме за почитување на Законот за јавната чистота, односно совесно однесување кон животната средина, во која и самите граѓани живеат“, велат од Општината