Пет тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и живеат најдолго

Жителите на Јапонија во последните 25 години го држат светскиот рекорд како жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84 и пол години. Освен тоа, речиси никогаш не се дебелеат. Во продолжение дознејте која е тајната на нивната долговечност и младоликост.

Јапонската писателка Наоми Моријама е авторка на книгата ‘Japanese Women Don’t Get Old or Fat’ (Јапонките не стареат и не се дебелеат) во која се откриени тајните на долговечноста и вечната младоликост на „чудесните” Јапонки. Жените во Јапонија се хранат исклучително здраво, а јапонската култура налага сервирање на мали порции.

Нивната исхрана претежно се состои од риба, алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај. Освен што е здрава, оваа храна има и анти-ејџ ефект поради кој Јапонките секогаш изгледаат младолико.

Наоми Моријама во својата книга открива 5 тајни за фантастичниот изглед на Јапонките.

1.Жените во Јапонија речиси секогаш јадат оброци подготвени дома кои претежно се состојат од риба на скара, ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките конзумираат дури 10% од вкупната конзумација на риба во светот, а ја сочинуваат само 2% од светската популација.

2.Храната се вари или се прави на скара, а наместо леб Јапонките јадат ориз. Вообичаениот јапонски појадок го сочинуваат парче риба, ориз, тофу, алги, супа, млад лук, омлет и зелен чај, се’ во мали порции.

3.Слатките десерти се реткост во јапонската кујна, а и кога се јадат секогаш се работи за мали количини. Не е дека Јапонките не сакаат чоколади и колачи – едноставно се свесни за последиците и штетните нуспојави на слаткото по здравјето.

4.Родителите ги учат своите деца да јадат бавно и да го ценат секој залак. Поради тоа Јапонците никогаш не ја полнат чинијата до врвот и не сервираат големи порции, а секој вид храна се послужува одвоено.

5.„Вежбањето е дел од секојдневната рутина во Јапонија, а за да го одржат здравиот начин на живот, Јапонците изградија цела култура на возење велосипеди, пешачење и трчање”, заклучува Наоми Моријама во својата книга.