Пет совети кои ќе ви помогнат да се изборите со вишокот килограми

Вишокот килограми влијае на нашето здравје во физичка и во психичка смисла, а кога ќе увидиме дека ригорозните диети кон кои строго се придржуваме не даваат доволно добар резултат, кај нас се создава дополнителна нервоза. Нутриционистите шурум светот истакнуваат дека е најдобро да се посоветувате со нив и да изберете режим на исхрана што најмногу ќе му одговара на вашиот организам бидејќи диетите можат да бидат опасни по здравјето ако се одлучите самоиницијативно за нив. Овие неколку совети можат да ви бидат од полза во процесот на губење килограми.

Водете дневник на исхрана

Истражувањата покажуваат дека броењето калории е фрустрирачки и според тоа во текот на денот можеме да посакаме благо или грицки. Кога чувствуваме притисок дека мораме да внесеме одреден број калории можеме да се излажеме сами себе и на крајот на денот да уживаме во чоколадо или друго омилено благо, затоа што нема кој да не контролира. Всушност, дневникот на исхрана е совршен помошник, во него на крајот на секој ден запишувате како изгледале вашите оброци, вашето расположение и желбата за храна.

Со водење на ваков дневник ќе станете поодговорни и притисокот лесно ќе исчезне затоа што емоциите ги исфрлате на хартија.

Избегнувајте преработена храна

Доколку не губите килограми, а се придржувате кон пропишаниот внес на калории преиспитајте се каква храна јадете. Не е целта да се придржувате до бројот на калории а да внесувате во организмот преработени намирници, затоа што на тој начин го забавувате организмот и го ослабнувате имунитетот. Фокусирајте се на квалитетот на намирниците, доколку јадете овошје, можете да внесете и поголеми количини ако е подготвено на здрав начин. Резултатот од слабеењето ќе биде повеќе видлив ако се насочите кон квалитетот на храната која ја консумирате, наместо да броите калории.

Не се казнувајте себе

Со секојдневното казнување пред огледало, со погрдните зборови и коментари кои ги кажувате за својата килажа, нема да постигнете ништо. Бидете си најголема поддршка во процесот на слабеење, нема причина да го мразите своето тело - бидете му најдобар пријател и погрижете се за вашето здравје и виталност. Според тоа, дозволено е еднаш неделно да се наградите со омиленото благо после напорниот тренинг. Нема потреба во потполност да се одречете од малите ритуали кои ве прават среќни.

Здрави животни навики

Понекогаш нашиот организам бара повеќе храна, имаме потреба за поголем количина шеќер затоа што немаме формирани здрави навики кога спиењето и хидратацијата на организмот се во прашање. За да слабееме на поздрав начин и за да ја спречиме прекумерната желба за нездрава храна потребни се продуктивни, воспоставени навики. Допуштете му на телото да се одмори, внесувајте погхолеми количини течности и ќе имате сила за физички активности, но и дополнителна сила да се изборите со искушенијата на ментално ниво.

Јадете помалку јаглени хидрати

Не треба да штедите на протеини, треба да измерите колку јаглени хидрати консумирате на дневно ниво. Наместо да избегнувате да јадете месо, риба или печурки запрашајте се дали сте јаделе тестенини и леб во текот на денот, исто така и компир. Со цел да слабеете здраво, на вашето тело му е потребен баланс меѓу продуктите. Уште поважно е за тоа да останете свесни и така процесот на слабеење нема да се претвори во секојдневно мачење.