Пет работи кои треба да си ги кажувате пред спиење

Сигурно и вам ви се случува навечер кога ќе си легнете да ве стигнат сите мисли кои сте се труделе да ги избегнете и одеднаш ве притиска некоја тежина и се мачите да заспиете, оптоварувајќи се со проблеми, грижи и слично. Добриот сон треба да биде на врвот на листа со приоритети, но тоа не е секогаш лесно со мозок кој постојано се грижи и размислува на негативни работи, а тоа може да доведе до несоници. 

Но, има начин како да го подобрите добриот сон, а меѓу нив е повторувањето на овие неколку работи...

Благодарен/а сум...

Многу е важно човек да биде благодарен за работите кои ги има и за позитивните работи во животот, дури и кога работите не одат најдобро. Благодарноста ја зголемува среќата, влијае позитивно на вашиот имунитет, па затоа, секоја ноќ, пред спиење, присетете се на работите за кои сте благодарни. Или уште подобро запишете го тоа. 

Пуштам работите да одат по својот тек

Истражувањата покажале дека негативните емоции кои ги носиме во кревет заедно со нас, го спречуваат добриот и квалитетен сон. Тоа не значи дека морате да го решите баш секој проблем пред да си легнете, бидејќи некогаш е подобро човек да преспие и да размисли со ладна глава, но обидете се да се ослободите од притисокот пред да засппиете.

Јас сум силен/а, добар/а, храбар/а (или која и да е друга доблест)

Поентата е да се фокусирате на своите достигнувања, сила и позитивни карактеристики. Себеприфаќањето е клуч за среќен живот, а сепак ретко го практикуваме. 

Што можам да направам за да го подобрам ова?

Без оглед на тоа дали имате одреден период или поминувате низ тежок период, поставете си конкретни прашања, и тоа би можело да ви помогне да заспиете. Авторот Стивен Котлер вели дека решението на одреден проблем лежи токму во луцидните соништа, во потсвесното, баш во моментот во кој одеднаш јасно го гледаме решението на ситуацијата.

Ќе пронајдам мир 

Повторувањето на оваа реченица може да ве смири и да ви помогне да го фокусирате мозокот на нешто позитивно. Со тоа и му давате „задача“ на умот дека тоа треба да го постигне.