Пет работи кои не би требало да ги правите за време на пандемија...

И во тек на вонредна состојба човек има обврска да го сочува своето достоинство и интегритет. Еве кои пет работи не би требало да ги правите за време на пандемија.

  1. Не ги напаѓајте соседите постари од 67 години доколку излегле пред зграда за да ги фати малку воздух. Не ги сликајте и не викајте полиција. Особено немојте да се фалите со тоа и да се гордеете со тоа што го правите. 

  2. Не ги напаѓајте мајките или татковците кои го изнеле бебето или малолетното дете пред куќа или влез за да ги фати малку воздух и сонце кои за нив се од животно значење, особено ако станот им е свртен кон север. Не ги сликајте и не викајте полиција. Особено немојте јавно да се фалите со тоа и да се гордеете со тоа што го правите.

  3. Не ги сликајте и снимајте луѓето на улица кои не носат маски или ракавици. Можеби не можат да си дозволат да ги купат, а можеби едноставно не можеле да најдат, знаеме сите дека во овие времиња бргу се распродаваат.

  4. Заштитните мерки и препораки мора да се почитуваат. Треба да избегнуваме групирање и да внимаваме да стоиме на пристојна разделечност кога чекаме ред во продавница/банка. Ако некој стои веднаш до вас и ја прекршува норматаи препораката за држење дистанца, слободно укажете им на тоа – со пристојни и културни зборови. Немојте веднаш непријателски да се однесувате кон луѓето

  5. Не се претворајте во кодоши и сталинисти, навистина нема потреба за тоа.