Пет пријави за семејно насилство во последните 24 часа - уапсен битолчанец бидејќи ја натепал мајка си

Во последното деноноќие, пет пријавени случаи за семејно насилство, при што уапсено било едно лице.

Од Министерството за внатрешни работи споделија детали за инцидентите.

Вчера во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б.(43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка.

Вчера околу 11:00 часот во СВР Куманово, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) агресивно се однесувал и психички ја малтретирал.

Исто така вчера во 10:40 часот во ОВР Струга, 56-годишна жена од струшко пријави дека нејзиниот партнер подолг временски период физички и психички ја малтретирал, а дента ја избркал од дома, при што ѝ ги одзел клучевите од домот.

Синоќа во 19:30 часот во СВР Скопје 59-годишна жена пријави дека околу 13:00 часот на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен сопруг Љ.Ц.(65) упатувал закани кон неа и нивниот син.

Ноќеска во 00:15 часот во СВР Скопје 48-годишна жена пријави дека на 15.04.2026 нејзиниот поранешен партнер Д.Н.(51) упатувал телефонски закани кон неа, нејзините деца и кон нејзиниот поранешен партнер.

„Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.