Пет причини поради кои „комплицираните“ Водолии се совршени партнери

Постојано ги „товараат“ дека се најкомплицираниот и најнеконвенционалниот хороскопски знак. Се работи, секако за водолиите – знакот, односно луѓето кои е толку лесно да се разликуваат од другите.

Се опишуваат како необични, интровертни и помалку револуционерни личности, а покрај тоа, водолиите се и најдобрите животни партнери кои можете да ги имате.

Оние луѓе во чии животи водолиите сега влегуваат или ќе влезат во некоја поблиска или подалечна иднина, во продолжение можат да прочитаат пет причини зошто ќе добијат најдобар можен партнер.

Водолиите се паметни, но навистина паметни

Овде не зборуваме за конвенционален памет. Зборуваме за тоа дека кога на водолијата нешто ќе и ја разбуди љубопитноста, таа ќе го истражи секое можно ќоше на темата. Нејзината жед за знаење ја прави совршен партнер затоа што никогаш нема да ви недостига тема за разговор.

Кога ќе пронајдат некој фокус, водолиите се незапирливи. Кога ќе ги донесете пред родителите точно ќе знаат што треба да кажат. Кога ќе ги донесете кај пријателите, без гајле, во состојаба се да забавуваат секого.

Избегнуваат конфликти

Стартната позиција на водолиите секогаш е неутрална. Имаат силно чувство за почитување на другите. Кавгите ги избегнуваат не само зошто се пасивни, туку затоа што себе се ставаат на прво место. Иако се одлични посредници, не се наметливи. Ако кон нив не се однесувате со почит, тешко ќе добиете втора шанса.

Водолиите немаат време за глупости и за бесмислени расправи кои нема никаде да ги однесат. Затоа со водолијата покрај себе можете да бидете сигурни дека нема да бидете дел од бесмислени и непријатни караници.

Секогаш ќе го кажат она што им е на ум, со цел да ја поправат ситуацијата, пред таа непотребно да ескалира. Одбивноста кон конфликтите е последица на нивната самодоверба.

Водолиите се независни

На секој му треба една водолија во животот, но на водолијата не и треба никој. Нивната независност се гледа во сите аспекти на нивниот живот, од тоа со кого се дружат и излегуваат па сѐ до кариерата. Знаат дека парите не растат на дрво и дека врските не успеваат благодарение на магично стапче.

Водолиите никогаш нема да бидат зависни од својот партнер, што е добро и за него бидејќи секогаш ќе има време за себе.

Силни и независни се само некои од карактеристиките на водолијата. Внимавајте добро да не ја угушите затоа што ништо не ја ужаснува повеќе од одземање на слободата.  

И практични се

Ако сакате партнер кој верува во еднорози, водолијата не е најпаметен избор. Ако пак сакате некој кој е практичен и рационален, тогаш водолијата е идеален избор.

Ако сте личност која има тенденција за претерување во некои работи, на пример во трошење пари, водолијата е рамнотежата која ви треба во животот. Таа ќе биде вашиот глас на разумот кој ќе ви шепнува на уво кога ќе отидете предалеку.

Водолијата ќе знае да ве смири

Разговорот со нив никогаш не е на сила и искрени се во сѐ што прават. Водолијата без проблем ќе го поправи вашиот ден и ќе ги реши емоционалните проблеми со кои можеби се борите.

Ако барате партнер кој знае да каже нешто повеќе од „сѐ ќе биде во ред“, тогаш водолијате е животниот партнер за вас. Водолиите, имено, секогаш знаат што треба да кажат, а сето тоа со доза на хумор и леснотија.

Имајте го на ум сето ова погоре напишано кога во око ќе ви падне една водолија.