Пет нови, трендинг локали кои ќе биде актуелни оваа година

Скопје е мал град. „Метропола" или не, ова е честа тема на дискусија, како на социјалните мрежи, така и во секојдневната интеракција на Cкопјани. Најголемиот дел од редовните „уживачи на градот“ најчесто заклучуваат дека мал е изборот на локации за дневна и ноќна „шема“ во градот. 

На наша радост и задоволство во изминатиот период во Скопје се отворија неколку нови локали кои изгледаат модерно и се обидуваат да го сменат секојдневието на скопјани. Распоредени по азбучен ред, еве ја нашата листа на места кои треба да ги посетите оваа година: 

1. bkw_hybrid_bar

Лоциран на страна од скопскиот метеж и гужва, во населбата Тафталиџе. БКВ е интересно место без разлика на тоа дали сакате да пробате убав бургер, зреено сирење и пршута или пак да пиете пиво на уникантиот шанк, сам или во друштво.

Во близина на локалот има слободни места за бесплатен паркинг.  Во локалот не е дозволено пушење. 

2. Intermezzo Music Bar

Старото и добро познато место, но овој пат со ново име,  нов ентериер и многу поубав и помодерен изглед. Лоциран во скопската населба Капиштец.

Место за добра забава, шема и фини луѓе. Во близина на локалот има катна гаража за паркинг. Во локалот е дозволено пушење. 

3. MOSH

Комплетно нова локација која е вистинско изненадување за скопјани. Започна да работи кон крајот на 2019 година, а судејќи по гужвата во предновогодишниот период, сигурно ќе биде едно од најпопуларните места во Скопје. 

Бројот на места за паркинг е ограничен, за да ја намалите нервозата земете такси. Во локалот е дозволено пушење. 

4. Tribeca - Botanic Shop & Cafe

Нова, свежа и ултрапопуларна локација. Ако треба да избереме место кое буквално „преку ноќ“ станa број еден локација во градот, тогаш дефинитивно тоа е Трибека.

На страна од градската гужва, лоциран на Илинденска со солиден и добар паркинг. Во локалот е дозволено пушење. 

5. Three Bar & Kitchen

Во срцето на Скопје, функционира унинкатно место каде може да уживате во денска и ноќна пијачка или да мезите од специјалитетите на кујната.

Уникатениот, дизајнерски амбиент го прави местото привлечно и посебно. Паркинг се наоѓа тешко, земете такси. Во локалот не е дозволено пушење.