Пет момчиња уапсени во Скопје и околината заради поседување дрога

Ноќеска околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Коце Металец“, ги лишиле од слобода Б.Е. (20) од Демир Капија и В.С. (20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Исто така ноќеска, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода В.Д. (24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Вчера попладне пак полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Блаце, на локалниот пат од Скопје за с. Блаце, ги лишиле од слобода С.М. (25) од Скопје и М.А. (30) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.

По документирање на случаите против нив сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.