Пет лица загинаа во тешка сообраќајка на влезот во Драчево

Пет лица загинаа во сообраќајната несреќа која рано утрово се случила во близина на бензинската пумпа на влезот од населбата Драчево во Скопје. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.

Според очевидци, „реното“ се движело со поголема брзина при што изгубило контрола и директно удрило во камионот за смет.

На лице место биле дојдени возила на полицијата, на итната медицинска помош, противпожарникарски и возила на погребалното претпријатие. 

Од МВР подетални инфромации најавуваат за денеска.