Пет лица уапсени во Центар: Полицијата пронајде грутчеста материја, марихуана и таблети

Полициските службеници минатата ноќ имале акција на подрачјето на Центар, каде што уапсиле пет лица.

Најпрво во 23.45 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Б.Ф.(43) од Скопје и М.С.(26) од Р. Турција затоа што кај Б.Ф. била пронајдена и одземена грутчеста материја, а кај М.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и таблети.

Потоа во 00.05 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Е.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 01.20 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода В.Д.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На крајот во 03.00 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода М.Д.(25) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.