Пет лица повредени во текот на изминатиот ден во сообраќајки во Скопје

Пет лица биле полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во четири била причинета материјална штета.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети биле 93 возила.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет лица биле исклучени од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол и 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Санкционирани биле и четири пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати биле 76 непрописно паркирани возила.