Пет лица повредени во сообраќајката кај Струга

Пет лица се повредени во сообраќајката што се случи завчера. 

На 17.05.2022 во 18.50 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Б.(23) од Република Албанија и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со албански национални ознаки, управувано од Ј.Т.(38) од Република Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б.(39) и патникот во патничкото моторно возило „пасат“, М.Ф.(38), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Со телесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б.(35) од Република Албанија, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.