Пет лица повредени во сообраќајка во виничко

Пет лица се повредени во сообраќајка кај Виница. 

На 20.11.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на локалниот пат за с.Блатец, кај место викано „Ревиро“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(36) од с.Блатец, виничко и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(41) од с.Вељуса, струмичко. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле возачот Т.М. и тројца сопатници од истото возило – Г.Р.(41) од с.Покрајчево, радовишко, Д.Ј.(43) од Виница и З.Ј.(34) од с.Ангелци, општина Василево, констатирани во Медицинскиот центар во Штип и Општата болница во Кочани, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.