Пет инспиративни приказни

 

1. Еднаш, еден стар, мудар Кинез, се движел низ поле прекриено со снег и здогледал една постара жена која плачела на глас.

Отишол и ја запрашал: „Зошто плачеш?“
Таа му одговорила: „Затоа што размислувам за својот живот, младост и убавина, која ја гледав во огледалото, како и за мажот кого го сакав. Бог беше суров кон мене затоа што ми даде способност да помнам. Знаел дека ќе се сетам на пролетта на мојот живот и дека ќе заплачам.“

Мудрецот стоел на снежното поле и размислувал, загледан некаде во далечината. Одеднаш жената престанала да плаче.

  • „Што гледате таму?“, го прашала, а мудрецот одговорил:

  • „Поле со рози. Бог бил дарежлив кога ми ја дал способноста за помнење. Знаел дека во зима секогаш можам да се сетам на пролетта и да се насмевнам.“

2. -  „Сфати... Постојано се расправаме. Не можеме да бидеме заедно, зарем не?“
- „Дали сакаш цреши?“
- „Да.“
- „А дали ја плукаш семката кога ги јадеш?“
- „Нормално.“
- „Исто е и во животот... Научи да ги плукаш семките, а истовремено и да ги сакаш црешите.“

3. Четири свеќи постојано гореле и почнале да се топат. Во просторијата било толку тивко што можело да се слушне разговорот на свеќите преку пламенот.

Првата свеќа рекла: „Јас сум мирот. За жал, луѓето не знаат како да ме сочуваат. Мислам дека не ми преостанува ништо друго освен да изгаснам.“ И пламенот се изгасил.

Втората свеќа рекла: Јас сум вербата. За жал, никому не сум потребна. Луѓето не сакаат да слушаат за мене и затоа нема потреба повеќе да горам.“ И така и таа згаснала.

Натажена, третата свеќа рекла: „Јас сум љубовта. Но, немам сила и натаму да горам. Луѓето не ме ценат. Не знаат ниту да даваат, ниту да примаат љубов.“ Потоа и таа свеќа згласнала.

Одеднаш во собата влегло дете. Кога видело дека трите свеќи се изгасиле, тоа се уплашило и реколо: „Што ви е? Морате да горите! Се плашам од темнината“ и почнало да плаче.

Вознемирена, четвртата свеќа рекла: „Не се плаши. Не плачи. Сѐ додека горам, можат да се запалат и другите три свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“

4. Една жена, шетајќи низ улиците на Париз, налетала на Пикасо кој цртал на столчето на една улична кафетерија. Го прашала дали би сакал да ја нацрта за пристојна парична награда. Тој се согласил. За само неколку минути цртежот бил готов.
- „Колку Ви должам?“ – го запрашала жената
- „5000 франци“ – ѝ одговорил Пикасо.
- „Но, Вам Ви беа потребни само три минути!“
Пикасо ја погледнал и ѝ рекол: „Не, за тоа ми беше потребен цел живот.“

5. Една девојка седела на клупа во паркот и горчливо плачела, кога покрај неа поминало мало дете кое возело велосипед. Му паднало жал за девојката и ја прашало:

  • „Зошто плачеш?“

  • „О, душо, не можеш да го разбереш тоа..“

Потоа таа почнала уште посилно да плаче и момчето ѝ рекло: „Те боли нешто? Сакаш да ти дадам играчка? Имам многу играчки...

Девојката уште посилно почнала да плаче и рекла: „О, детенце, никому не сум потребна и никој не ме сака...“

Детето сериозно ја погледнало и ја запрашало: „А дали си сигурна дека баш сите си ги прашала?“