Пет дена КИНО НА ТРЕВА во МКЦ парк

 

МКЦ и кино Милениум ве канат на бесплатни филмски вечери кои ќе се одржуваат во периодот од 23 до 27 јули, во паркот на МКЦ. На ова прво издание на Кино на трева, кое е во склоп на програмата на настанот „МКЦ за Скопје“ ќе се прикажат вкупно пет филмови. 

Организаторите најавуваат дека за сите филмови ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, на вас останува да си обезбедите место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе за седење на трева. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули која ќе започне по полноќ.

 Репертоар:
23. јули (вторник) COLD WAR | режија: Pawel Pawlikowski
24. јули (среда) DOGMAN | режија: Matteo Garrone
25. јули (четврток) LORO | режија: Paolo Sorrentino
26. јули (петок) ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ | режија: Данило и Раде Шербеџија
27. јули (сабота) BORDER | режија: Ali Abbasi