Пет деца и шест мајки хоспитализирани во болницата во Козле

Во последниот извештај на Министерството за здравство се регистрирани 518 новозаразени луѓе со Ковид-19, со што во моментов бројот на активни случаи со корона вирус во земјата изнесува 6.861 лице.

Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) и Тетово (367). Од скопските општини само во Аеродром има 649 активно заразени лица, во Центар регистрирани се 510 и Карпош 516.

Хоспитализирани во болниците низ државата се  575 пациенти.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, како и две деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има три приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се два пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според податоците на Министерството за здравство вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, а на починати е 883.

Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.