Песто од лимон кое ќе ве изненади со вкусот

Пестото е оној препознатлив зелен сос за тестенини или пица, кој се прави од босилек, но може и од спанаќ или магдонос. 

Но, за супер освежувачки оброк, кој е одличен за овие претопли денови, можете да го направите со лимон и тоа на следниов начин:

Половина шолја јатки по избор
Еден лимон
Четвртина шолја пармезан
Едно чешне лук
Малку шеќер
Чили
Четвртина шолја маслиново масло

Подготовка:

Јатките потпечете ги на тава без масло. Лимонот исечете го на четвртинки, па во блендер ставете три од нив. Четвртата зачувајте ја за декорација. Ставете ги сите состојки во блендер, освен маслото. Почнете да блендирате, па додавајте го маслото малку по малку, за да се добие густ сос. Можете по желба да оставите повеќе парчиња или пак да блендирате додека да добиете фина и мазна смеса.