Песна за жената, една од најубавите песни некогаш напишани

Ти си мојот момент, мојот миг и мојот сјај
Мојот збор во шумата, мојот чекор и блуд.
Убава си колку што си и тајна
И онолку вистинита колку што си копнежлива
Остани недостижна, нема и далечна -
затоа што сонот за среќата е повеќе од среќа.
Срцето има историја во солзите што се леат.
Во големата болка, љубовта има своја мета.
Вистина е она што душата го сонува.
Бакнежот е најголемата средба на светот.
Ти си целата исткаена од моето привидување.
Твојaта наметка е посончева и од мојот препреден сон.
Ти беше мојата копнежлива мисла,
Симбол на сите суети, поразени и ледени.
А ти не постоиш, ниту пак си постоела.
Родена во мојата тишина и копнеж,
на сонцето во моето срце сјаеше само ти,
затоа што сѐ она што го љубиме го создаваме сами.