Песна која открива дали сте песимист или оптимист!

Постојат два погледи на светот: позитивен и негативен. Од вас зависи која страна ќе ја изберете.

Оваа песна морате да ја прочитате два пати. Напишана е во „бел стих“ и се чита од првиот до последниот стих, па кога ќе завршите треба да почнете да ја читате од последниот стих до првиот стих.

Песната која вам ви изгледа реално и вистинито е песната која ќе ви ја открие вашата вистинска природа.

Џонатан Рид – Пропаднато поколение/Надежта постои

Јас сум дел од пропаднатото поколение
и одбивам да верувам дека
можам да го променам светот.

Сфаќам дека тоа можеби ќе ве шокира, но
„Среќата е во нас“ – о, да!
Тоа е најобична лага
„Парите го прават човекот среќен“ -
А во 30-тата година ќе му кажам на својот син
Дека тој не е најважен во мојот живот.
Мојот шеф нека знае дека
мојот принцип гласи:
Посветен сум на работата.
Слушнете: Уште од дамнешни времиња
луѓето живеат во семејства,
но сега
општеството се менува и нема да биде како порано.
Експертите ми велат:
За триесет години ќе славам десет години од мојот развод.
Не верувам дека
ќе живеам во земја која ќе ја создавам сам.
Во иднината,
уништувањето на природата ќе стане правило.
Никој не верува дека
ќе ја сочуваме нашата планета.
И секако
мојата генерација е изгубена.
Глупаво е да се мисли дека
надежта постои.