Пешески го напушта Металург по 16 години во клубот

Пикерот на Металург, Жарко Пешевски по 16 години минати во Автокоманда го напушта клубот и заминува за Украина, каде ќе настапува за Мотор Запорожје.

Тој му посака се најдобро на клубот во иднина и изрази надеж дека еден ден ќе се врати во редовите на „металурзите“,

– Не сакам разделби и збогувања, па затоа велам дека ова со Металург е само довидување до следно видување. Металург е сместен во посебно место од моето срце и јас му посакувам се најдобро. Сега правам нов исчекор во мојата професионална кариера и се надевам дека повторно ќе имам одлична сезона, каква што ми беше и оваа, веи Пешевски, цитиран од Металург.