Пешак загина на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, откако во него удрил „пасат“, управуван од државјанин на Србија, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера во 17.30 часот во полициска станица Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово - Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде возило „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Република Србија удрило во 64-годишниот Б.Д. од село Облавце. Во незгодата пешакот загинал на самото место, соопшти СВР Куманово.