Пешак загина во сообраќајна незгода во Скопје

Вчера во 18.42 часот во Скопје на ул.„Јадранска магистрала“, патничко моторно возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.А.М.(58) од село Орман удрило во пешаците А.Н.(23) од Гостивар и З.А.(68) од село Дебреше, гостиварско.         

По сообраќајната незгода повредените пешаци биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември“  каде во 19.20 часот од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н. додека кај З.А. се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.