Пешак удрен од автомобил на „Гологанов“, констатирани му се тешки повреди

Пешак вчера попладне бил прегазен на ул. „Митрополит Теодосиj Гологанов“ во Скопје.

-Автомобил „Алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Скопје, удрило во пешакот С.Ф.(70) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.