Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 01.04.2018 година во 12:40 часот во Скопје, на крстосница од булевар „Јане Сандански“ и  сервисна  улица која го поврзува булеварот со станбена улица С.С.(58) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Пежо 308“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак В.П.(80) од Скопје.

В.П. со возило на Брза помош била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош и од страна на доктор и биле констатирани  тешки телесни повреди.

Тој е задржана на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.