Пешак тешко повреден во Инџиково

С.Б. (73) од село Инџиково е тешко повреден откако во него удрил автомобил „Мерцедес“ управуван до Р.А. (35) од с.Сингелиќ-скопско.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила вчера во 9 часот утрината во Инџиково.

-Од ударот, С.Б. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки повреди, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.