Пешак тешко повреден по удар од комбе

Вчера околу 09.20 часот на улица „Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „Пежо боксер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(18) од Скопје, удрило во пешакот Ј.С. (48) од с.Студеничани, скопско. 

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото извршила екипа од СВР СКопје.