Пешак тешко повреден откако бил удрен од велосипедист

М.Ч.(62) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако вчера била удрена од велосипед управуван од Н.Ш. (60) од Скопје.

Несреќата, информира МВР, се случила околу 12:15 часот на бул.„Партизански одреди“, а повредите кај жената се констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.