
Повозрасен пешак прегазен во Гостивар.
- На 21.11.2025 во 19:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Кеј Братство- Единство“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(63) од село Мало Турчане, гостиварско, удрило во пешакот П.П.(76) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информираа од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.