Пешак прегазен кај Скопјанка

Пешак бил удрен од автомобил пред малку на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ кај Скопјанка.

Од МВР за Курир ја потврдија информацијата посочувајќи дека повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот кој е во тек.

Здравствената состојба на прегазеното лице не е позната.